еМагазин
Image default
Македонија

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдија полициски извори за Бугарското национално радио, јави дописникот на МИА од Софија.

За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Бугарското Министерство за внатрешни работи за дописникот на МИА потврди дека Игор Спасов е приведен од бугарската полиција во понеделникот, но не сакаше да каже каква ќе биде постапката понатаму.

Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во  населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, претходно јави Бугарското национално радио БНР, пренесува дописникот на МИА од Софија.

Веста за апсењето на Спасов синоќа ја потврдија за МИА од нашето МВР.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години  и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за апсењето на убиецот Игор Спасов: Екс-полицаецот живеел во Софија, откриен преку дојава

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Науката не треба да се политизира и етнизира, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Академијата на Албанците

Редакција

Мицкоски: Амнестија за сите учесници во настаните од 27 април

Редакција

Борците од НОБ навредени од Заев и од омаловажувањето на нивната борба

Редакција