еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Илјадници луѓе би можеле да умрат, болниците во Газа остануваат без гориво, предупредува ОН

Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат, бидејќи болниците полни со повредени остануваат без гориво и основни залихи. Според проценките на ОН, се очекува дека во рок од два дена болниците да останат без гориво за генераторите.

Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се полни со повредени пациенти, од кои повеќето се деца помлади од три години. Стотици луѓе со сериозни повреди од експлозијата пристигнаа во болницата, каде се очекува гориво да снема до утре, според д-р Мухамед Кандил.

Ако снема горивото, посочи тој, „тоа значи дека целиот здравствен систем ќе биде затворен“.

„Се работи за уште една катастрофа, уште едно воено злосторство, историска трагедија. Сите овие пациенти се во опасност ако струјата се исклучи“, додаде д-р Кандил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Израел нападна конвој од бегалци од северна Газа и уби неколку лица, меѓу кои и деца

(Вознемирувачко видео) Новинар на БиБиСи од болница во Газа: Насекаде има тела, а повредените молат за помош

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Редакција

И официјално вето од Бугарија: „Не„ за преговори со ЕУ за Македонија, „Да„ за Албанија

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен

Редакција