еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Брачен пар од Македонија се уште е заглавен во Газа, сместени се во болница на Црвената полумесечина

Двете Амбасади на Македонија, во Каиро и во Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.

Како што информираа денеска од МНР, парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно.

– Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно, соопштија од МНР.

Во меѓувреме, потенцираат од МНР, работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Израел нападна конвој од бегалци од северна Газа и уби неколку лица, меѓу кои и деца

(Вознемирувачко видео) Новинар на БиБиСи од болница во Газа: Насекаде има тела, а повредените молат за помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) ОАЕ стана петта земја која стигна до Марс, Дубаи во црвено

Редакција

(Видео) МВР апелира доколку граѓаните препознаат некој од хулиганите да пријави на 192

Редакција

ЈП „Комуналец“ Гостивар склучи договор со Расим Транс вреден 576,6 илјади евра

Редакција