еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) ОАЕ стана петта земја која стигна до Марс, Дубаи во црвено

Првата сонда на Обединетите Арапски Емирати стигна до Марс и успешно влезе во нејзината орбита по седуммесечно патување, што овозможува да испраќа податоци за атмосферата и климата на таа планета.

Таа мисија ги прави ОАЕ петтата вселенска агенција што успеа да стигне до црвената планета.

Сондата Хоуп (Надеж) беше лансирана во јули 2020 година од Јапонија, по две одложувања поради лошите временски услови. Целта на мисијата е да ја мапира атмосферата на Марс во текот на секоја сезона.

Програмата поврзана со Марс е дел од напорите на ОАЕ да ги развијат своите научни и технолошки можности и да ја намалат зависноста од нафта.

Околу 60 отсто од мисиите на Марс досега беа неуспешни, што сведочи за сложеноста на меѓупланетарното патување, но и за тешкотиите на леталата да се спуштат низ тенката атмосфера на Марс.

МИА/Фото/видео: The National

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони вработува 13 лица, плата до 31.330 денари

Редакција

Останаа уште Франција, Холандија и Шпанија: Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Од 16. мај се укинува носењето маска на аеродромите во Европа

Редакција