еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Апасиев заработи казна за непрописно паркирање

Пајак службата вчера му го крена автомобилот на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, по што тој реагираше на Фејсбук:

“Скопската ПАЈАК СЛУЖБА работи во спрега со урбаната мафија!?

Во мое маало, во Аеродром, забележувам дека скоро секое утро по пет-шест пајак возила им ги креваат колите на станарите од пред зграда, на тој начин директно терајќи ги да купуваат паркинг места од инвеститорите и градежните компании.

Во нормална држава, со купувањето на станот ти следува и твое ПАРКИНГ место (пред зграда или во подземна гаража).

Но, нашите инвеститори – кои ги подмитуваат градоначалниците со по стан-два за секое издадено одобрение за градба – за да спечалат екстра профит, си соработуваат со локалните власти и сообраќајната полиција, дерејќи го народот со казни, за да го присилат да им ги купува прескапите паркинг места (кои чинат 5-6.000 ЕУР по место).

Оти секое земање на возилото со пајак, ќе те кошта околу 100 ЕУР (2.500 ден. за пајакот + казна за погрешно паркирање). Ете така, мој народе, на дело се дешава она што неолибералните влади го викаат “јавно-приватно партнерство”“, напиша тој.

Денеска реагираа од Град Скопје, од каде на Фејсбук објавија и фотографија од автомобилот на Апасиев.

“Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.

Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса.

Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот.

За службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.

Град Скопје сака да верува дека заложбата на пратеникот за почитување на законите не е само декларативна и дека истиот мисли дека законите важат за сите, па и за пратениците„, велат од Град Скопје.

Фото: Апасиев/Град Скопје/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести со препораки за „мајмунските сипаници“

Редакција

49 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице во Тиквешијата за 24 часа

Редакција

31-годишната пациентка која почина од корона вирусот била трудница

Редакција