еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Останаа уште Франција, Холандија и Шпанија: Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

И Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Остануваат уште три земји што треба да го ратификуваат Протоколот за нашето членство во НАТО: Франција, Холандија и Шпанија.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вчера изјави дека процедурата во Франција треба да биде завршена до крајот на ноември или на почетокот на декември.

Најави за завршување на процедурата во периодот што следи има и од Холандија, а засега е неизвесно дали тоа пред Самитот на НАТО, кој се одржува на 3 и 4 декември во Лондон, ќе се случи и во шпанскиот Парламент.

Имено, двата дома на Парламентот во Шпанија се распуштени, а тамошните избори се закажани за 10 ноември. Доколку сè помине како што треба, новиот состав на шпанскиот Парламентот би се конституирал на 3 декември.

 Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: За нас нема алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

Редакција

(Галерија) Винаријата „Стоби“ на Минчо Јорданов го прослави десетиот роденден

Редакција

Комитетот на ОН повикува на откажување на патентите за вакцините против Ковид-19

Редакција