еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имала тешка анемија: Во Тетово од Ковид-19 почина 31-годишна жена, 40 пациенти се на кислородна поддршка

Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирусот. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид – центарот д-р Гзим Нуредини.

-Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка, информираше Нуредини.

И понатаму останува висок бројот на луѓе кои имаат потреба од прегледи поради симптоми на Ковид-19.

-Преполно е Тетово не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантски прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се потенцијални пациенти кои ќе бидат примени.

Вчера сме имале 67 пациенти, тоа го кажувам често, бидејќи е знак како ќе се одвиваат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши по две недели, но не знаеме на есен како ќе биде, рече докторот.

Тој како позитивна насока ја оцени одлуката на Министерството за здравство поради големиот број пациенти, дел од нив да биде однесени Инфективната клиника во Скопје. Така, според него, нема да има потреба од реорганизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половина од хоспитализираните со Ковид-19 во Тетово присуствувале на прослави и забави

Драстичен раст: 398 нови случаи на Ковид-19 од 6.383 тестирања, најмногу во Скопје и Тетово

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонци со српско државјанство се вакцинираат против Ковид-19 во Србија

Редакција

(Галерија+видео) Мицкоски го доби мандатот, има рок од 20 дена да состави влада

Редакција

Средношколец бил агресивен кон вработени во училиште во Аеродром и оштетил инвентар

Редакција