еМагазин
Image default
Бизнис

Имаме ли квалитетни градби кои ќе преживеат земјотреси

Природните катастрофи, како што се земјотресите се појави кои што не може да се предвидат, но она што можеме да го предвидиме и да влијаеме е сигурноста и квалитетот на градбите, беше истакнато на денешната прес конференција на Градежната комора на Македонија во соработка со Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Сојузот на Стопански комори.

„Она што треба да внимаваат граѓаните е вклученоста на сите учесници во процесот на градење почнувајќи во делот на проектирање, надзор, изведувач и инвестирање во градежни материјали од страна на инвеститорот. Исто така, граѓаните кои планираат инвестиција потребно е да соработуваат со компаниите кои се лиценцирани, а не да купуваат од сомнителни правни лица.

Апелираме дека не смее да се отстапува од квалитетно домување, со главен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност, како и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема. Би сакале да потенцираме дека во нашава земја, квалитетот на градбите се на високо ниво, направени согласно сите норми и стандарди за армирано бетонски конструкции“, изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора.

Тој додаде дека улогата на градежниот сектор е да гради согласно најновите технологии во Европа и светот, со воспоставени норми и стандарди како за нови градби, така и за градби кои се со дотраен квалитет каде што е потребна нивна обнова и санација.

Проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија истакна дека земјотреси имало и ќе има, но целта е да се работи согласно стандардни прописи, за објектите да ги преживеат земјотресите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адинг ќе дели дивиденда

Редакција

Европска комисија: Македонската економија годинава ќе порасне за 2,1%, главен ризик можната политичка нестабилност

Редакција

Скопски Бетон продава хотели во Охрид, Дојран и Скопје

Редакција