еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Индустриските производи поскапеле за 18,5% на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 18,5 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0,2 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти.

Во февруари годинава во однос на февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 33,2 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 22,1 процент, Капитални производи за 35,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 проценти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 19 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Убава вест: Оздравени седуммина болни од Ковид-19

Редакција

Нов „балансер“ за вработување во администрацијата и на Албанците во дијаспората

Редакција