еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во мај порасна на 11,9%

Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2%, млекото за 5.4%, лебот и житата за 3.7%, кафето, чајот, какаото за 3.1%, сирењето и урдата за 2.9%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.7%, свежото и разладеното овошје за 2.6%, месото за 2.5%, рибата и морските плодови за 2.3%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6%, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.1%, пивото за 1.0%, жестоките пијалаци за 0.5% и виното за 0.3%.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19%, услугите за сместување за 7.5%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4%, накитот, часовниците и рачните часовници за 7%, течните горива за домаќинствата за 5.8%, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5.7%, туристичките аранжмани за 4.3%, обувките за 3.3%, поправките и изнајмувањето на обувките за 2.6%, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.5%,  другите апарати и производи за лична хигиена за 2.2%, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, гасот за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.7%. Забележан е пораст и мебелот и покуќнината за 1.6 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.5%, велосипедите за 1.2%, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 1.1%, текстилот за домаќинствата за 1%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.9%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, терапевтските помагала и опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, медицинските услуги, медиумите за снимање, игрите , играчките и хобијата, услугите за рекреација и спорт, другите печатени материјали, рестораните, кафулињата и слично за 0.6%, малите алатки и останатите додатоци за 0.5%, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, домашните миленици и сродните производи за 0.4%, облеката, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3%, малите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, услугите за култура, другите лични предмети за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, има кај воздухопловниот патнички транспорт за 10.5%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4% и електричните апарати за лична хигиена за 1.2%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски останува во притвор, одбиена неговата жалба

Редакција

Во сабота локални врнежи, од понеделник стабилно и потопло

Редакција

(Фото) МПЦ одржа заедничка литургија со Вселенската патријаршија

Редакција