еМагазин
Image default
Македонија

Иницијатива посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола.

Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.

-Разговаравме за иницијативата на Комуната и Студиото „Милтон Манаки“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грција, односно со градоначалникот на Солун, да се иницира идејата и доколку е можно, таа да се реализира. Ќе се обидеме тоа да го направиме, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки.

Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор.

Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.

МИА/Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца штипски здравствени работници позитивни на корона вирусот

Редакција

Патник за несреќата кај Лесковац: Автобусот се занесе, нешто ме удри во главата и сите патници почнавме да паѓаме еден врз друг

Редакција

Свадба и семејна прослава причината за зголемениот број на заболени од Ковид-19 во Тетово, граѓаните ги криеле контактите

Редакција