еМагазин
Image default
Македонија

Инспекторите вршат девет нови вонредни надзори по болниците каде што се лекуваат пациенти со Ковид-19

Дел од вонредните инспекциските надзори на болниците се завршени и веќе се иницирани стручни надзори во Министерството за здравство. Постапката тече. Во Битола заврши за 24 часа, во Штип за 48 часа од аспект на постапка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Во тек се девет нови вонредни инспекциски надзори. Тоа е процес кој е во динамика, како ние ги завршуваме, така иницираме вонредни стручни надзори.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорката на ДСЗИ, Иринка Бухова-Сотирова.

На новинарско прашање за помладите пациенти кои ја изгубија битката со Ковид-19, Бухова -Сотирова напомена дека ДСЗИ спроведува вонредни инспекциски надзори за сите помлади пациенти кои за жал ја загубија битката со вирусот.

„Тоа е динамичен процес. Инспекциските надзори кои веќе се завршени, во истиот момент се иницира вонреден стручен надзор, кој го иницираме до Министерството за здравство (МЗ). И кога ќе биде завршен, или МЗ или ДСЗИ ќе ја информира јавноста,“ рече Бухова – Сотирова.

Таа потенцираше дека во ДСЗИ во тек се уште девет вонредни нови инспекциски надзори.

За инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Битола, Бухова-Сотирова појасни дека ДСЗИ со решение ја задолжи директорката на болницата во Битола да обезбеди соодветна просторија т.н. морга која ќе одговара на новонастанатите услови.

Прашана за протоколот на погребување на починатите од Ковид-19, таа појасни дека никогаш не било наведено дека тие мора да бидат погребувани во лимени сандаци. Потенцираше дека по ова ДСЗИ нема ингеренции да постапува. По Законот за погребални услуги, кој е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски, постапуваат други институции. 

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот амбасадор во Јапонија отповикан, опозицијата тврди дека е поради сексуално вознемирување на колешки

Редакција

Убава вест: 421 оздравени од Ковид-19

Редакција

Османи во посета на Брисел, најавена средба и со неговиот бугарски колега Стоев

Редакција