еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Инстант лозот „7 х 7“ ќе му ја поднови возачката дозвола на пензионерот Миле од Куманово

Едно од најстарите и најсреќни места за учество во игрите на среќа на Државна лотарија е „Кеопс“, се наоѓа во центарот на Куманово, спроти зградата на Општина Куманово.

Миле Димитријевски, сега пензионер, редовно, по двапати неделно купувал инстант лозови токму од ова среќно место. Неговата верба во среќата не го напуштила, тој не го напуштил ни своето среќно место, па среќата решила да им помогне. Затоа тој и неговата сопруга Благица ќе се возат во нов Hyundai Tucson добиен на инстант лозот „7 х 7“.

Со Миле и Благица Димитријевски ја закажавме средбата за доделување на возилото пред продажното место „Кеопс“, каде што е купен добитниот лоз, кад што низ досетки ни ја раскажаа приказната за нивната добивка.

Имено, Миле е редовен играч на лото, но сакал да добие „џип на грепка“, па секоја среда и сабота уплаќа по неколку комбинации со своите среќни броеви во ЛОТО 7, а притоа купува и по еден инстант лоз.

Досега освоил само неколку помали добивки, но овојпат токму тој еден негов инстант лозот 7 х 7ги криел трите симболи на Hyundai Tucson, што го донесоа до едно од 14-те возила што ги нуди овој лоз.

Среќни и возбудени, по потврдата на добивката од страна на вработените во „Кеопс“, Миле и Благица, нè посетија во просториите на Државна лотарија каде што имавме исклучително пријатно и весело дружење дополнето со досетки, за што кумановците се надалеку познати.

Благица и Миле на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им порачаа да бидат упорни, да веруваат во среќата и да си планираат што сакаат да си добијат. Миле сакал и си планирал дека добие џип и доби Hyundai Tucson. Сега, повторно ќе си ја стави во функција возачката дозвола и дури планира со сопругата Благица да го посетат синот во Виена, којшто преку на видеоповик беше вклучен во сите случувања.

Досега инстант лозот „7х7“ донесе возила во Прилеп, Скопје и Струмица, а сега и во Куманово. Со нетрпение ги очекуваме новите добитници кои со себе ќе донесат носат среќни приказни.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделен е и четвртиот од петте стана на инстант лозот „Доме сладок доме“

Редакција

(ФОТО) Пендаровски со сопругата, вработените во кабинетот и волонтери подготвуваа посно јадење во пресрет на Велигден

Редакција

(Фото) НЛБ Галерија: Изложба на фотографии од небото над Крушево полно со змејови

Редакција