еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинители биле во Косово, за обезбедување докази за случајот на Онкологија

Тим од обвинители од Јавното обвинителство (ЈО) вчера беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, соопштија од Обвинителството.

– Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната предистрагата. Притоа, косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци, се наведува во соопштението.

Од ЈО информираат дека во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во Обвинителството во Република Албанија.

– Во меѓувреме, тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот. Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, што се однесува на работата на Клиниката за онкологија. Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката, кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување, се појаснува во соопштението на ЈО.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: „Македонија трета во свет по смртноста од Ковид-19 на еден милион жители“

Редакција

Грчкиот претседател Павлопулос со порака до Заев: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа

Редакција

Казни за 636 лица за неносење маска 

Редакција