еМагазин
Image default
Македонија

Судскиот совет избра по тројца нови судии во Кривичен и Граѓански суд Скопје

Судскиот совет на денешната 455 седница избра по тројца нови судии во Основниот граѓански суд Скопје и во Основен кривичен суд Скопје.

За нови судии во Граѓански избрани се Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ-Велковски, додека во Кривичен избрани се Лилјана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митревски.

Станува збор за завршени кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители кои не беа избрани во првиот избор и се кандидати во вториот распишан оглас.

Членот на Комисијата за избор Миљазим Мустафа, посочи дека имало седум пријави за Граѓански и пет за Кривичен суд Скопје, меѓу кои и две од кандидати кои немаат завршено обука во Академија и не исполнуваат услови.

Од останатите десет пријави, Мустафа појасни дека, сите биле навремено доставени, со комплетна документација од кандидати со завршена обука во Академијата за судии и јавни обвинители, имале положени психолошки тест и тест за интегритет, врз основа на што Комисијата направиле и ранг листа.

– Кандидатите се рангирани врз основа на добиените бодови по завршување на целокупниот процес, како во Академијата за судии и извршеното интервју во Судски совет, посочи Мустафа.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиевски по изборот им честита на новоизбраните судии, посочувајќи дека од нив како нова млада генерација се очекува многу и да покажат резултати.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски до Собранието доставил барање за разрешување на министерката Мизрахи

Редакција

Во Радовиш досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници

Редакција

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки

Редакција