еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки

Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикува изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази.

На прашања на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Абази стана шеф на Обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.

Амбасадорката и Амбасадата, се вели во писмениот одговор до „360 степени“, очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, пак, самите гласаа за шеф на ОЈО ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки.

-Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем.

Граѓаните на С Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки.

Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, вели амбасадорката Агелер.

На истото прашање на редакцијата до холандската Амбасада во земјава, се вели дека „за Холандија, владеењето на правото е од огромно значење и внимателно ги следиме сите случувања во правосудниот сектор во С Македонија“.

-Во февруари 2020 година, во последен момент, пред парламентот да се самораспушти на подолг период, со закон овозможи гонење на случаите на корупција на високо ниво што беа под СЈО.

Овој поединечен настан ѝ овозможи на Холандија да се согласи да започне процедура за пристапување во ЕУ за С Македонија во март 2020 година. Затоа, работата на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и како тоа постапува со сите случаи на организиран криминал и корупција на високо ниво ќе продолжи да биде под лупа од Холандија“, велат од Амбасадата на Кралството Холандија за „360 степени“.

Од Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, на истото прашање нагласуваат дека „очекуваат новиот шеф на ОЈО ГОКК да работи посветено и во дух на независност и дека борбата против корупцијата ќе биде под детален надзор на ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абази случајно го сретнал Бејта на планина, а фотографијата со братот на Ахмети била од свадба

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Фото: Амбасада на САД/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски-Донфрид: ЕУ да ги препознае и вреднува ефективните политики на Македонија со отворање на преговорите

Редакција

„Сега Ново Лисиче ќе бара да се отцепи од Аеродром„: Твитер реакции за растот на бројот на заразени со корона вирусот

Редакција

На двегодишниот Марко кој има ретко заболување, потребни му се средства за лекување во Турција

Редакција