еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Институт за филозофија: Потребно е повеќе време и сеопфатна научна анализа за реформите во образованието

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ по расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование заклучи дека е неоходно предлагачот да ги земе предвид и да ги имплементира и другите стручни мислења на претставниците на институтите за историја, историја на уметноста и археологија, социологија, класична филологија и филозофија чии предмети, како што сметаат од овој Институт, со нацрт-концепцијата исто така се доведуваат под прашање или се редефинираат.

Ваквиот став Институтот за филозофија го донел со оглед на, како што наведува во сооштение, комплексноста на предложените решенија во нацрт-концепцијата и со оглед на далекусежните консеквенци што нејзиното усвојување ќе ги предизвика за севкупниот образовен систем на сите три рамништа (основното, средното и на високото образование), како и поради краткиот временски рок што се дава за примена на новите решенија.

– Оттаму сметаме дека е потребно повеќе време за да се согледаат сите можни импликации од брзото усвојување и примена на новиот концепт за основно образование.

Затоа, со оглед на стварноста поврзана со ковид-кризата и потребите здравствениот систем, но и севкупниот образовен систем успешно да се справат со овие состојби, потоа, со оглед на конкретните политички случувања поврзани со негирањето на македонската историја и на македонскиот јазик, сметаме дека брзањето со примената на предложените решенија и не земањето предвид на сериозните стручни забелешки искажани досега во однос на оваа Нацрт-концепција, можат да доведат до дополнителна поларизација на веќе и така (од политиката и од партиите) поделеното национално ткиво на државата.

Затоа сметаме дека иако реформи во образованието се потребни и нужни, тие треба да се спроведуваат на еден вклучувачки (инклузивен) и сеопфатен начин, пишува во ставот на Институтот за филозофија.

Оваа институција наведува и дека е потребна посериозна и попродлабочена мултидисциплинарна научна анализа на предложената концепција која би вклучила и специјалисти не само од областа на педагогијата и психологијата, туку и од областите на социологијата (социологијата на образованието), филозофијата (филозофијата на образованието, етиката), историјата – за која посочува дека е една од клучните дисциплини од образованието, но и на другите хуманистички дисциплини.

-Врз основа на оваа анализа и врз основа на предлозите за подобрување на Нацрт- концепцијата кои би се инкорпорирале во неа, би можело со нејзината реализација да се започне дури после повеќе години и откако ќе заврши ковид-кризата, се наведува во соопштението за ставот на Институтот за филозофија во однос на концепцијата за основно образование што ја најави Министерството за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за тоа како ќе изгледа реформираното основно образование

Најавената реформа во образованието однапред осудена на пропаст, велат од Институтот за социологија и Здружението на социолози

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна вториот изборен круг: Денеска гласаат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците…

Редакција

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тенк“

Редакција

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за нова Влада

Редакција