еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за нова Влада

Претседателот Стево Пендаровски до петок, кога истекува десетдневниот рок, ќе го додели мандатот за составување на нова влада на оној кој ќе има мнозинство.

Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот.

-Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор.

Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот на државата.

Реакцијата се однесува на ставовите кои ги изнесе досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој за ТВ 21 рече дека доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен.

-Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание, кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен.

Неовластен човек не може да ги информира пратениците, истакна Џафери синоќа во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 11 пациенти, а вкупно се лекуваaт 252

Редакција

Боки 13 на судењето за “Рекет“: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Редакција

Протуѓер спаднал на ниски гранки, вели Груевски за неговото сведочење, а откри и дека имал здравствени проблеми поради загадениот воздух

Редакција