еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 на судењето за “Рекет“: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Категорично тврдам дека ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел некакви парични средства. Јас видов затворена торба што Зоран Милески ја зема со леснотија, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочеше за предметот „Рекет“ во кој е првообвинет.

– Тврдат дека таму имало милион евра по апоени од 50 што е невозможно и ќе тежеше повеќе, кажа Јовановски.

Најодговорно, рече Јовановски, тврдам дека немам ниту еден допир на таа торба и Обвинителството требаше да ја најде и да ја извештачи.

– Ноторна лага е дека мене ми биле дадени 500 илјади евра за Јордан Камчев да излезе од притвор. Со Камчев не сум разговарал за никакво олеснување, туку сме разговарале само за бизниси.

Сме оделе на вечери, сме збореле за се и сешто. Ме провоцирале и прашувале да зборам и да се правам паметен и да зборам и за Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ме снимале и спакувале, но кажувам тоа биле само мои лични мислења, изјави Јовановски.

Со првата емисија на Инсајдер, наведе Јовановски, почнале неговите проблеми и кампања од Зоран Азманов дека се работи за рекет побаран од него.

– Дека не се работи за рекет го имам документот од суд, дека се отфрла пријавата, изјави Јовановски.

За одземената гардероба рече дека најголемиот дел е купена или добиена пред 2018 година.

– Никогаш не сум бил повикан да потпишам што се е одземено од мојот дом, рече Бојан Јовановски во сведочењето пред судот.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Боки 13 на судењето за „Рекет“: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штрајк со глад на затвореници во „Идризово“, бараат амнестија

Редакција

„Титаник 3“ по третпат почнува со слушање на „бомбите“ како материјални докази

Редакција

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

Редакција