еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 11 пациенти, а вкупно се лекуваaт 252

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 11 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куманово и Дебар со ист број заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по градови

Редакција

Македонија ќе треба да и плати отштета на Бекташиската заедница

Редакција

(Видео) Протест во Софија за секретарот на „Цар Борис Трети“: Џамбаски побара итен прекин на преговорите на Македонија за членство во ЕУ

Редакција