еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе треба да и плати отштета на Бекташиската заедница

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека Македонија треба да исплати на Бекташиската заедница 5.000 евра (пет илјади евра), плус било какви такси кои можат да бидат наплатени за надомест на нематеријалната штета и 2.000 евра за надомест на трошоците за судската постапка.

Предметот беше инициран со 3 апликации против Република Македонија поднесени согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од страна на Бекташиската заедница, верско здружение кое не е признаено на национално ниво, Е. Брахимај и A. Сулејмани.

Првиот жалител е од Албанец и живее во Тетово, Република Македонија. Тој е верски проповеденик и член на здружението жалител, а воедно е носител на највисоката позиција во хиерархијата на заедницата.

Вториот жалител е Македонец и живее во Гостивар, Република Македонија. Тој е член и претставник на здружнието апликант.

Апликантите се жалеа, оосбено, дека домашните судови одбиле да му дозволат на здружението жалител да го задржи статусот на верска организација и да ја дозволат неговата пре-регистрација.

Тие исто така се жалеа дека во спорната постапка не била одржана усна расправа.

Имено, Бекташискиот ред постоел и ја практицирал својата религија во државата повикана на одговорност многу векови наназад. Седиштето на здружението –апликант било во „Теќе Серсем-Харабати Баба„ во Тетово. Се додека на здружението апликант му била одбиена регистрацијата во 2010 тоа ја практицирало својата религија во целосна согласност со тогаш релевантното законодавство.

Во минатото, тоа исто така било познато како „Исламска Бекташиска заедница„.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бидете подготвени за зимски услови и поплави

Редакција

Од Македонски телеком не кажуваат како ја одредиле сумата од 15 денари провизија за плаќање сметка и дали истата ќе расте во иднина

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.848

Редакција