еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски по сведочењето за “организаторите на 27 април“: Никој од ВМРО-ДПМНЕ не е дел од организацијата на нападите

Ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по сведочењето за организаторите на нападите кои се случија во Собранието на 27 април.

„Ова е очигледно дека станува збор за сериозен и жестоко монтиран политички процес. Политички процес кој што има единствена цел да нанесе штета на ВМРО – ДПМНЕ, политички процес кој што има за цел да врши политички терор врз активистите и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и политички процес од кој некој профитираше, а некој сериозно загуби.

Јас ценам дека после 27 април сериозно загуби ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш после тие настани влада направи СДСМ и Зоран Заев. Можеби тој одговор на ова прашање ќе ви послужи да истражите и да иницирате кој го осмисли сето тоа, кој го спроведе и зошто се случи.

Никако тој што загуби од тој процес не може да биде ниту испиратор, ниту сценарист ниту оперативно да го спроведе. Јас повеќе би се задржал на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа. За жал, на грбот на граѓаните и на грбот на демократијата во нашата држава. После тој ден веќе ништо не е исто,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека се протестирало против погрешните политики во најава кои што тогаш беа актуелни во државата.

„Ценам дека на тој начин е демократско право на секој граѓанин во една демократска држава да изрази револт против определени политички девијантни однесувања на определени политички структури и политички партии, во случајот тоа беше СДСМ и сето она кое што во тој период СДСМ го најавуваше доколку е партија која што ќе ја формира владата,“ додава тој.

Мицкоски во изјавата за медиумите рече дека се обидел да биде вицкаст и да внесе една доза на хумор во судницата, бидејќи за прв пат се појавува во судница во својство на сведок.

„Не сум бил до сега во својство на обвинет, една чудна атмосфера, многу сериозна, која што јас за прв пат ја гледам и се обидов малце да внесам ведрина. Инаку, да, тоа се се мои пријатели и да, не сум со никого замерен ниту пак имало било каква причина да бидам замерен,“ додаде Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера имало 26 пожари низ Македонија, активни се три

Редакција

Новите заразени со Ковид-19 во Кавадарци се на возраст од 16 до 31 година

Редакција

Дадилката која тепаше дете во игротеката „Дежа Ву“ приведена во полиција

Редакција