еМагазин
Image default
Бизнис

Инвестиција од 1 милион евра: Почна изградбата на нова сончева централа кај светиниколското село Горубинци

Почна изградбата на нова сончева централа во светниколското село Горубинци.

Компанијата МГИ Енергетика ДОО инвестира околу еден милион евра. Номиналната моќност на инсталираните 2.196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават.

Монтажната конструкција дополнително е опремена со подвижен елемент, кој со помош на сензор ќе го следи движењето на сонцето, а со тоа и фотонапонските панели во секој момент ќе бидат свртени кон сонцето, што дополнително ја зголемува енергетската ефикасност и добиеното произведено количество на електрична енергија.

При тоа, годишно очекувано производство на електрична енергија е 2000 kWh или 2000 MWh, што одговара на избегнување на емисија од околу 1000 kgCO2/годишно, т.е согорување на 600 килограми јаглен.

Со вакви инвестиции во зелена енергија Свети Николе заедно со инвестициите во фотоволтаични централи кај село Амзабегово од 25 мегавати и ветерниот парк кај село Богословец со капацитет од 36 мегавати ќе биде најголем производител на зелена енергија во државата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КХВ: Успешна понудата на Градежниот институт „Македонија“ за преземање на „Фабрика Карпош“

Редакција

„МојДДВ“: Колку дена по издавањето можe да се скенира фискалната сметка?“

Редакција

„Окта“ ја тужи Царинската управа

Редакција