еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Инвестиција за иднината: Зошто да изберете алуминиумски прозори за вашиот дом

Прозорот е еден од градежните елементи чиј развој значително го промени квалитетот на животот на луѓето и овозможи напредок на човештвото. Од појавата на првите застаклени површини со челични рамки на почетокот на 20. век, прозорите многу се променија.

Во 1930-тите години доминантни материјали за изработка на прозорски рамки биле дрвото и челикот. Тогаш првпат се појавува и алуминиумот, како трета опција. Тогашните алуминиумски рамки биле многу подебели, а градежниците се стремеле со него да имитираат дрвени и челични површини.

Во меѓувреме, во 1980-тите години популарност добиваат и ПВЦ-прозорците, како поевтин и енергетски поефикасен материјал од тогашната конкуренција.

Благодарение на архитектонскиот напредок и технолошкиот развој, алуминиумот низ годините се искачува сè погоре на скалата на материјалите за изработка на прозорски рамки и еден век подоцна е прв избор на архитектите низ светот. Зошто?

Алуминиумот може неограничено и во целост да се рециклира, нуди многубројни можности за обработка на површината и различен дизајн, максимално е отпорен на корозија и други оштетувања, лесен е, и тоа се само дел од многубројните придобивки.

Од почетокот на 21 век минималистичкиот изглед доминира во архитектонските трендови низ целиот свет. Прозорците станаа поголеми, со цел да овозможат повеќе светлина во домот и спектакуларен поглед. Истовремено рамките се сè потенки. Естетскиот изглед, енергетската ефикасност, отпорноста на временските услови и звучната изолација, како и отпорноста при обивање, добиваат поголема вредност, а сето тоа најдобро го овозможуваат алуминиумските прозорски рамки.

– Вградувањето на алуминиумски системи за прозори придонесува за намалување на трошоците за греење, ладење и одржување. Освен тоа, алуминиумот е метал кој, иако е лесен, има голема цврстина, што овозможува да се креираат системи за прозори со поголеми димензии и различни форми, како и системски решенија за застаклување на простори со голема ширина и висина, без ризик од деформирање.

На тој начин се добиваат прозори со потенки рамки, кои овозможуваат повеќе светлина во домот, а дихтувањето е беспрекорно. Уште една предност на алуминиумот е што е достапен во широка палета на бои, па прозорите се вклопуваат во сите визуелни решенија, вели Леополд Бундалески, консултант за потрошувачи од „Алумил“ Скопје.

Модерните прозори се значаен дел од секој простор, без оглед дали зборуваме за станбена површина или деловен објект. Изборот на прозорски рамки е сериозна инвестиција која ќе се одрази врз квалитетот на вашиот живот во наредните децении. Затоа, важно е да ги ставите на вага сите параметри за да дојдете до најсоодветно решение за вашиот простор.

Интернационалната компанија „Алумил“, која неодамна го отвори својот нов изложбен салон во Скопје, во своето богато портфолио, меѓу другото, нуди алуминиумски системи за прозори со врвен, сертифициран квалитет.

Зошто да ги изберете? Во продолжение следуваат неколку еднакво важни причини што ќе дадат одговор на тоа прашање.

Трајни, отпорни и лесни за одржување

Една од главните карактеристики на алуминиумот е неговата одлична цврстина. Алуминиумските прозори на „Алумил“ се безбедна инвестиција, бидејќи со нив нема да имате проблеми дури и по неколку децении.

Имаат огромна отпорност на корозија и, дополнително, елоксираните рамки, обезбедуваат двојна заштита, бидејќи поминуваат специјална обработка на површината, односно добиваат уште еден заштитен слој. Исто така, по нивната инсталација ќе трошите многу малку време и средства за да ги одржите во топ форма.

Подобрена естетика на просторот

Прозорските рамки се значаен дел од ентериерот, веднаш го привлекуваат вниманието на секој посетител и можат да влијаат врз вкупниот впечаток. Предноста на алуминиумот е тоа што е многу флексибилен во поглед на различни обработки на површината и дава многу можности за различни дизајнерски опции, со цел да се постигне максимално индивидуално прилагодување.

Ова се потврдува и со проширената палета на бои и големиот избор на достапни типологии. Конечно, напредните алуминиумски рамки на „Алумил“ се во линија со современите архитектонски трендови на минималистички стил, бидејќи можат да понудат извонредни решенија со тенки профили. Изборот е навистина голем, но специјализираните консултанти во изложбениот салон на компанијата ќе ви помогнат да го направите најдобриот избор за вас.

Врвен енергетски перформанс

Покрај естетската вредност, перформансот на алуминиумските рамки во поглед на топлинската изолација е клучен фактор за да донесете конечна одлука. Алуминиумските прозорски системи на „Алумил“ вклучуваат напредни технологии за топлинска изолација – спречуваат студот да влезе во вашиот дом во зимските месеци или загуба на свежина во летните. На тој начин, тие придонесуваат за подобрување на секојдневните животни услови, и помагаат да заштедите енергија и пари, што е особено важно на долг рок.

Идеални за големи застаклени површини

Во домови и деловни простори со голем простор за застаклени површини има потреба од цврсти конструкции што би ги држеле прозорите. Наспроти малата маса, алуминиумот е исклучително цврст метал. Алуминиумските рамки на „Алумил“ се идеални за вакви случаи.

Во склад со современите архитектонски трендови, тие покриваат големи застаклени површини, овозможувајќи ѝ на природната светлина да влезе во просторот. Резултатот е импресивен, и од практична и од естетска гледна точка. Благодарение на „Алумил“, просторот го достигнува својот максимален потенцијал со неспоредлив стил и беспрекорна функционалност.

На крај, не помалку важно ќе споменеме и дека алуминиумот е цврст материјал, кој тешко може да биде свиткан или скршен. Алуминиумските рамки за прозори на „Алумил“ се тестирани со строги контроли и под високи критериуми, поради што и се сертифицирани како производи со висок перформанс во однос на отпорноста на обивање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски за СП: За да се прогласи крај на епидемијата треба да нема ниту еден нов случај 28 дена

Редакција

Г.г. Стефан: Со чудни реформи во образованието се менува нашиот културен, историски и духовен идентитет

Редакција

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

Редакција