еМагазин
Image default
Свет

Исчезна лекарот кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Навални во Сибир

Лекарот од Сибир кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти руската полиција.

Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, соопшти дека лекарот Александар Мураховски ја напуштил ловната база во шумата во петокот со своето теренско возило и оттогаш не е виден.

Служби за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и доброволци се на терен во напорите за потрагата.

Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални. Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот опозиционер Навални со нарушено здравје, не ги чувствува рацете и нозете

Почина докторот кој го лекуваше Алексеј Навални по неговото труење

МИА/Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алесандра Галони нова уредничка на „Ројтерс“, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција

Редакција

Лобисти на Саудиска Арабија закупиле 500 соби на три месеци во хотел на Трамп

Редакција

Кина „внимателно ја следи“ ситуацијата во Украина и повика на воздржаност

Редакција