еМагазин
Image default
Бизнис

Историски рекорд во трговската размена со Германија

До нас изминатата недела пристигнаа податоци кои мошне пријатно не изненадија, статистиката за трговска размена покажува дека размената помеѓу Германија и Северна Македонија во 2021 година повторно значително се зголемила и го достигнала своето рекордното ниво, вели Патрик Мартенс,
директор на Делегацијата на германското стопанство.

„Во 2021 година помеѓу двете земји беше остварена трговска размена во вредност од 4,7 милијарди евра, што означува зголемување за 23,6 отсто во споредба со минатата година.

Извозот од Северна Македонија кон Германија во 2021 година се зголемил за 24,8 отсто во споредба со 2020 година, додека увозот од Германија во Северна Македонија се искачи од 1 милијарда евра на 1,2 милијарди евра, што претставува раст од 20,6 проценти,“ вели Мартенс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП вработува 100 службеници

Редакција

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Редакција

Министерството за одбрана на привремени вработувања ќе потроши 195.000 евра

Редакција