еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрагата за тунелот кој го ископаа затворениците во Идризово траела два месеци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот во кој беше спречено организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, преку копање подземен тунел од страна на затвореници во Идризово.

-Таму се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето, тој процес беше започнат и претходно. Се што спаѓа во тие истражни мерки притоа да можат да се обезбедат докази, се работи, во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал и секако дека тоа ќе биде еден опсежен случај во којшто секако треба да се докаже и учестовото на вработените во затворските институции, изјави Спасовски на новинарско прашање по промоцијата на кампања на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На затворениците од Идризово им фалеле уште 32 метри за да избегаат, не се знае каде ја фрлале земјата од тунелот кој го ископале

Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеци.

-Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и  да не се наруши безбедноста, рече Спасовски.

Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност.

-Секој кој направил кривично дело ќе одговара. Тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста,  ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски.

Во однос на случајот со труење на битолчанецот во кафуле, порача дека има надлежни институции  за да испитаат и доколку постојат основани сомненија за кривично дело, тогаш очекувам да се пристапи кон обезбедување на сите докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На битолчанецот кој заврши на Токсикологија наместо вода му бил даден раствор за машинско перење на садови

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 314 случаи на Ковид 19 од 2.362 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 16.858

Редакција

Во регионот најголем раст на цените на становите има во Македонија

Редакција

Министерство за финансии повеќе нема да дава согласност за вработувања

Редакција