еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: Гените виновни за потешките облици на Ковид-19

Една од најголемите мистерии во врска со пандемијата на коронавирусот е зошто некои луѓе кои се заразуваат немаат никакви симптоми, додека други сериозно се разболуваат.

Истражување спроведено врз повеќе од 2.200 пациенти во единиците за интензивна нега, утврди дека поради одредени гени, некои луѓе се подложни на потешки симптоми на Ковид-19.можат, јави Би Би Си.

Ова откритие дава нови сознанија за тоа каде имунолошкиот систем прави грешка во борбата против вирусот, што може да помогне при нови терапии.

– Ќе бидат потребни нови терапии и покрај развојот на вакцини, вели д-р Кенет Бејли, медицински консултант во Кралската амбуланта во Единбург и водач на проектот Геномик.

– Вакцините драстично ќе го намалат бројот на случаи на коронавирусот, но веројатно лекарите ќе ја третираат оваа болест во единиците за интензивна нега ширум светот во следните години, така што постои голема потреба за нови терапии, вели Бејли.

Научниците проучувале ДНК на 2.700 пациенти сместени во 208 единици за интензивна нега низ Велика Британија и заклучиле дека пет гени поврзани со два молекуларни процеси, антивирусен имунолошки одговор и пневмонија, играат клучна улога во многу тешки случаи на болеста.

– Нашите резултати веднаш покажаа кои лекови треба да бидат на врвот на списокот за клинички испитувања, вели Кенет Бејли.

Тој додава дека гените наречени IFNAR2, TYK2, OAS1, DPP9 и CCR2, делумно објаснуваат зошто некои луѓе развиваат многу тешка форма на болеста, додека на други речиси и не влијае вирусот.

Резултатите од студијата, објавени во списанието „Нејчр“, треба да им помогнат на научниците да ја забрзаат потрагата по потенцијални лекови за коронавирусот, спроведувајќи клинички испитувања на лекови кои напаѓаат одредени антивирусни и антиинфламаторни патишта.

Меѓу оние со најголем потенцијал, според Бејли, треба да има класа на лекови против воспаление наречени JAK инхибитори, која го вклучува лекот за артритис барицитиниб, кој е произведен од „Ели Лили“.

Тимот на Бејли исто така откри дека зголемената активност на генот INFAR2 може да создаде заштита од Ковид-19 затоа што веројатно ќе го имитира ефектот на третманот со интерферон.

Различни лекови се истражуваат во клиничките испитувања за да се испита нивниот потенцијал во лекувањето на коронавирусот, вклучувајќи интерферон-бета-1а, антагонист на рецепторот интерлеукин-1 и лек за артритис „Кавзар“ на Санофи.

Засега, стероидот дексаметазон и новоразвиениот антивирусен лек ремдесивир се единствените лекови во светот кои имаат лиценца за да се користат за лекување на пациенти со Ковида-19, иако ремдесивир не се препорачува за тешки случаи на болеста.

Американската администрација за храна и лекови минатиот месец го одобри лекот бамланивимаб од производителот „Ели Лили“ за третман на пациенти кои не се во болница, но спаѓаат во групата загрозени, кои развиваат потешка форма на болеста поради возраста или други состојби.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Југославија се собра на Саемот во Белград за вакцинација против Ковид-19

Редакција

Издадена еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка 7%

Редакција

Гуштеров, Ташковиќ, Нацоски: Кој се е на списокот на истакнати македонски државјани кои на „брза лента“ ќе влегуваат и излегуваат од земјата

Редакција