еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Истражување на УНИЦЕФ: 99% од наставниците потврдиле дека онлјан наставата се одржува редовно и според распоред

Организацијата на целокупниот наставен процес во учебната години 2020/21 е значително подобрен во споредба со минатата година, покажува обемното компаративно истражување на Реактор изработено по нарачака на УНИЦЕФ.

Според наодите, 93% од директорите на училиштата сметаат дека оваа година добиваат многу јасни или доволно јасни насоки од Министерството за образование и наука за организација на наставата за учење од далечина во споредба со 70% кои истото го тврделе минатата година кога е спроведен првиот бран од ова истражување.

Дури 99% од наставниците опфатени во истражувањето потврдиле дека наставата редовно се одржувала според распоредот на часови, што претставува голем скок, бидејќи само 60% во претходното истражување спроведено во учебната 2019/20 го потврдиле истото.

Ова упатува на заклучок дека целиот процес низ сите училишта во земјата течел организирано и согласно предвидениот план и динамика. Сите анкетирани ученици, односно 100% потврдиле дека оваа година онлајн наставата се реализирала според распоредот на часовите, додека само 23% одговориле вака во првото истражување минатата учебна година.

Интервјуата спроведени со учениците укажуваат на позитивни промени оваа година и далеку подобро организиран процес.

„Оваа учебна година имаше многу подобра организација на наставата онлајн во споредба со претходната година. Пролетта (2020 година) немавме ниеден онлајн час. Наставниците само ни праќаа лекции во „ворд“ по интернет.

Сега има часови каде се предава лекцијата, одговараш за истата, очи во очи преку вклучени камери…”, е коментарот на една од ученичките вклучен во истражувањето.

Истражувањето се спроведува со поддршка на УНИЦЕФ и Британската амбасада и има за цел да ги следи промените во образовниот процес во време на пандемијата.

Во истражувањето учествувале 2.792 наставници, 1.793 родители, 111 директори на основни и средни училишта и 115 ученици.

Фото: Photo by Avel Chuklanov on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

Редакција

Преку седумдесет министри и гувернери на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје

Редакција

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2021/2022

Редакција