еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Сите детали: Како да се пријавите за субвенции до 18.000 денари за вградување на плин во возилата

Сите граѓани кои што од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за вградување на ваков уред во возилата.

„Зелената агенда ја промовираме денеска со една од мерките за справување со аерозагадувањето од страна на возилата, а тоа е мерката за субвенционирање на граѓаните кои што ќе вградат уреди на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата,“ рече Бектеши.

Министерот информираше дека според огласот сите граѓани кои што од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некоја од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

„Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката.

Во МВР на сопственикот му се издава упатница, која ја доставува до техничката служба, за да биде извршена проверка на сообразноста на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото, изготвува записник и издава потврда за сообразност на вградениот уред (познатa како АТЕСТ) и пропратно писмо.

Со Потврдата и писмото, сопственикот се упатува на шалтер на МВР (во техничката служба или станица за технички преглед) каде добива нова сообраќајна дозвола во која е евидентирана преправката односно дека е монтиран уред за погон на ТНГ, метан или слично,“ појасни министерот и додаде дека постапката од моментот на доѓање во техничката служба до издавњето на новата сообраќајна дозвола не трае повеќе од 2 до 3 дена.

„Оваа мерка која што произлегува од Законот за моторни возила се однесува на две важни подрачја, а тоа е сообраќајот и екологијата и се плод на барањата на граѓаните, има главна цел да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата.

Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство. Ова е потврда дека ние заедно се залагаме за подобра и зелена иднина преку усвојување на зелената агенда како општество и како влада“, кажа министерот Бектеши.

Документација потребна за пријавување на Јавниот повик во Архивата на Министерството за економија: пополнето Барање и изјава од подносителот на барањето, фискална сметка со сметкопотврда, или фактура, копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената, фотокопија од лична карта, број на трансакциска сметка.

За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот олимписки тим на дефилето на нациите на 32. Летни олимписки игри во Токио

Редакција

Случајот со протерувањето на рускиот дипломат е документиран, не станува збор за импровизација, вели Пендаровски

Редакција

Состојбата со активни случаи со корона вирусот по скопските општини непромента: Најмногу во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош…

Редакција