еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Италија ќе ги врати на работа медицинските лица кои беа антиваксери

Италијанските лекари и медицински сестри суспендирани затоа што не биле вакцинирани против Kовид-19 наскоро ќе бидат вратени на работа, изјави денеска новиот министер за здравство Орацио Скилачи.

Причината е алармантен недостиг на медицински персонал и намалувањето на случаи на заразени со коронавирус. Новата влада, исто така, ќе ги укине казните наметнати на лица постари од 50 години кои не биле вакцинирани, рече Сцилачи во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.

Владата на претходниот премиер Марио Драги ја направи вакцинацијата задолжителна за наставниците и здравствените работници во 2021 година, а во јануари оваа година го прошири условот за сите луѓе над 50 години.

Во случај на одбивање на вакцинација, предвидено е привремен отказ за вработените во јавниот сектор и глоба од 100 евра за лица над 50 години.

Во соопштението на веб-страницата на Министерството за здравство се вели дека Скилачи смета дека е соодветно да се врати ситуацијата во нормала и најави дека запира објавувањето дневни податоци за ширењето на коронавирусот, хоспитализациите и смртните случаи.

Информациите сега ќе се објавуваат на неделно ниво.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР во акција: За помалку од еден месец изречени над 14.000 сообраќајни санкции

Редакција

Која е компанијата „Пуцко петрол“ која ги скара Антикорупциска и Обвинителството

Редакција

Во јавниот сектор работат дури 129.374 лица

Редакција