еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во јавниот сектор работат дури 129.374 лица

Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангжман го реализираат во 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за осум, соопшти на денешната прес-конференцијата министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Тој информира дека од 1.354 институции, 60 отсто се на локално ниво, а околу 40 отсто се на централно ниво. Од нив, најмногу или 533 институции се од дејноста образование, труд и социјална политика се 125 институции, култура – 121, управа – 117, комунални работи – 113, здравство – 111, локална власт – 81, правосудство – 64, правда -14 …

-Споредбено со Извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2.714 вработени. Од вкупниот број, 18.909 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност,  Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција, истакна министерот за информатичко општество и администрација во Владата.

Посочи дека освен како бројка, за овие вработени лица во Извештајот не се прикажуваат други детали и анализи. Додаде дека тоа е поради законски и безбедносни причини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена истрага за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, се бара притвор

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст на Македонската берза во март

Редакција

Кои ќе бидат новите имиња на АРМ, МАНУ, ЕЛЕМ, МОБ…, кои треба да бидат во духот на Договорот од Преспа

Редакција