еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Покрај Грција и авиони на Италија ќе го чуваат македонското небо

Согласно НАТО принципите на заменливост, а во насока на зајакнување на мисијата за воздушно патролирање (AIR Policing) над македонското небо, донесена е одлука Република Италија како дел од силите задолжени за јужното крило на НАТО, со своите воздухопловни капацитети да придонесе во извршувањето на оваа мисија, информираат од Министерство за одбрана.

„Во периодот што следува ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо. 

Патролирањето ќе се реализира помеѓу македонските, грчките и италијанските воздухопловни сили во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.

Како дел од најголемиот воено политички сојуз, патролирањето над македонското небо е дел од одбранбена мисија на НАТО алијнсата за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на македонските граѓаним,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за одбрана додаваат дека во текот на 2019 година се донесе првата одлука за Воздухопловно патролирање, по што следуваше потпишување на технички аранжман со Република Грција.

„Ова е мирновремена мисија која вклучува употреба на Систем за набљудување и контрола, како и соодветни средства за противвоздушна одбрана и воздухоплови за пресретнување со цел зачувување на интегритетот на националниот воздушен простор,“ се додава во соопштението.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат 123 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Работник го убил својот работодавец во Тетовско

Редакција

Апасиев го тужи Tалат Џафери за политичка дискриминација

Редакција