еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божикниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот.

Апелираат на воздржаност од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

За време на новогодишните празници ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за состојбата на граѓаните во текот на 24 часа. На 31 декември, во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките служби од 8 до 16 часот.

– На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена,недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари,Ѓорче Петров,Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствениот дом на Скопје.

Исто така, со секојдневното работно време информираат дека ќе функционира и единицата за домашно лекување.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Логистичка подршка за решавање на енергетската криза: Железница ги подготвува капацитетите за транспорт на јаглен и мазут

Редакција

Столтенберг по одлуката на Русија за анексија на украинските региони: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната

Редакција

Времето денеска сончево со локална облачност и слаб снег во западните и северните делови

Редакција