По вчерашната нејасна изјава дали во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори, денеска премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пресече, дека годинава сигурно ќе нема.
Како што рече, фокусот на актуелната Влада годинава ќе бидат реформите и економијата.
Тој е за редовни парламентарни избори напролет во 2028 година, став што неколку пати го повторил во последните месеци, но не ја отфрла опцијата предвремени да има следната година.
-А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи, рече тој меѓу друго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли предвремени парламентарни избори?
Фото: Игор Бансколиев













