еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Друмарина“ продолжува на 4. март

Судењето за случајот „Друмарина“ во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра продолжува на 4-ти март, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци од Обвинителството.

Двајца од сведоците, во своите искази зборуваа за околностите под кои го дале станот под закуп на Бонева, додека останатите двајца, претставници на правното лице кои посредувало со зградата во која што се наоѓал тој стан, зборуваа за сопственоста и уплатите на име на нивната фирма од страна на закупниците на станот.

Сопственичката на станот на прашањето каква била „прометноста“ во станот во однос на живеењето на семејството Боневи, изјави дека со оглед на нејзиното ретко пристапување кон истиот, не ги забележала гореспоменатите.

Сопругот на сопственичката на станот, пак пред судот изјави дека го издал станот на Александар Бонев, првично во период од 3,5 години, потоа семејството Боневи заминале на една година на друго место, и повторно се вратиле и престојувале уште 3,5 години.

– За првпат се сретнав со Силвана Бонева кога дојдоа да го земат станот. Меѓутоа, се гледавме и друг пат, понекогаш Александар Бонев доаѓаше сам, понекогаш со Бонева, а ме викаа и кога нешто ќе се расипе, па јас да го средам тоа со мајсторите, изјави сопственикот на станот.

На денешното рочиште сведочеа и претставници од правното лице кое посредувало со зградата и становите од кои еден гласел на Александар Бонев.

На прашање дали во некој момент ја сретнал Бонева во зградата, станот, подрумот и слично, претставникот на правното лице сведочеше дека ја препознал како јавна личност, во таа близина, еднаш, до два пати, меѓутоа не се сеќава на точниот период на случувањата.

Дел од сведоците на прашањето каде се наоѓала зградата со гореспоменатиот стан, потврдија дека зградата која што беше предмет на разговор се наоѓа спроти Министерството за внатрешни работи.

Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро.

За следното рочиште, кое ќе се одржи на 4-ти март, предвидено е да сведочат едно вешто лице и тројца сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжи судењето за „Друмарина“: Бонева со 7.000 докази против обвинувањето за високите патни трошоци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првообвинет е Мијалков: Денеска пресуда за „Трезор“

Редакција

100% обработени податоци: 36,91% граѓани излегле на референдумот, 609.813 граѓани гласале „за„

Редакција

Променетите учебници во употреба од следната година: Прв состанок на македонско-грчки комитет за ревизија на историјата, образованието и архелогијата

Редакција