еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Изгоре автобус на автопатот Штип-Миладиновци

Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожарот, тој се обидел да го изгасне со противпожарен апарат. Но, огнените јазици били силни и го зафатиле целосно.

-Светиниколските пожарникари се на терен, од пожарот на автобусот зафатена е и ниско стеблеста шума. Пожарот се случи пред половина час и веднаш е реагирано. Среќа е што во него немало патници, вели Велковски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дисциплинска за полицаец, чија службена легитимација била злоупотребена од неговиот син, кривична за синот

Редакција

(Видео) Скопјани се обидоа да направат „човечка елка“ за Гинис

Редакција

Кривична пријава за обид за убиство во Скопје

Редакција