еМагазин
Image default
Локално

Струмичанец превезувал мигранти и удрил во ограда од куќа бегајќи од полиција

Возач од струмичкото село Баница, кој превезувал мигранти, бегал од кумановската полиција и удрил во ограда од куќа. Возачот е приведен, а во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Од СВР Куманово информираа дека вчера во 21:20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата „Ајдучка чешма“ во Куманово, полициски службеници сакале да сопрат товарно возило „ивеко“ со скопски таблички, но возилото продолжило со поголема брзина да се движи во населбите „Ајдучка чешма“ и „Перо Чичо“.

– Потоа, удрил во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце-се наведува во соопштението од полицијата.

По целосното расчистување на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица се обиделе да убијат 33-годишен маж на Бит Пазар во Скопје

Редакција

Приведен скопјанец кој ја натепал девојката

Редакција

Приведен скопјанец кој украл сеф со пари од аптека

Редакција