еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Изложба на најдобрите дела од проектот „Млади уметници” во Музеј на Град Скопје

Во Музејот на Град Скопје е отворена изложба на најдобрите дела од проектот „Млади уметници”, кој Агенцијата за млади и спорт го реализира изминативе пет години.

Проектот опфаќа пет различни категории и тоа: слика, скулптура, графички дизајн, фотографија и графика, во две одделни групи, млади од 15-20 години и 20-29 години.

Во помлада возрасна група наградени се: Душан Цветков, Константин Митевски, Каја Тасевска и Ана Богоевска, додека кај повозрасните наградени се делата на Давор Кешќец, Денис Јагџи, Драганчо Божинов, Елеонора Накевска и Дамјан Ристевски.

-Младите се иднината на секоја земја, водечка сила и затоа насоките во кои кои се движат младите се битен фактор за успех на сите полиња. Уметноста не познава граници, националности, ниту вери, таа е универзална и претставува јазик кој сите го разбираат, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на отворањето на изложбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донаторска акција на стари книги во кафе-книжарницата „Илика“

Редакција

Изложба за Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност

Редакција

Извлечен е првиот „Гранд милионер“ за оваа година

Редакција