еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Во Музејот на македонската борба за самостојност отворена изложбата за Тоше

Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва е отворена изложбата „Спомен куќа на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ на која се прикажани 15 форекси и 15 фотографии на платно заедно со два дела од облеката на Тоше Проески, како и неговиот омилен музички инструмент, гитарата.

Директорката на Музеј на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, кажа дека преку изложбата на 15 форекси и 15 фотографии на кванс платно, посетителите ќе имаат можност да го проследат животниот пат на Тоше Проески.

– Времето поминува, но спомените остануваат вечни. Да се сеќаваме на ликот и делото на Тоше и понатаму и секогаш да ја пренесуваме неговата порака за љубов, несебичност и хуманост, бидејќи само така ќе го задржиме споменот за него, истакна Николова.

Директорката на НУ Спомен куќа на Тодор Проески, Лефкија Гажоска, ја објасни причината зошто проектот е насловен „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените“.

– Спомен куќата има посебно место во животите на сите фанови на Тоше и на едно место ќе можат да видат се што е поврзано со него, појасни Гажоска.

Изложбата на која се претставени животот и делото на Тоше почнувајќи од неговото детство до последните постхумни награди и албуми, ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември, а проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рудник САСА донира до 126 илјади евра за да помогне во борбата со Ковид-19 пандемијата

Редакција

Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Редакција

(Фото) Омиленото Битолско млеко со 10 витамини ја поддржа детската трка „Охрид трчаТ“

Редакција