СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(43) од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”, информира МВР.
На 16.11.2017 година во ресторан во Охрид, пријавениот со писмена изјава од С.Ј.(52) од Охрид, кој привремено престојува во Република Германија, примил 20.000 евра за проект за изградба на куќа, како и за хотелско сместување.
Во наредниот период, С.Ј. не можел да воспостави контак со пријавениот, по што на 03.08.2018 година се вратил во Охрид и го пријавил настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.