еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел бара за 24 часа од северниот во јужниот дел на Газа да се евакуираат 1,1 милион Палестинци, соопштија од ОН

Израелската војска им порача на Обединетите нации (ОН) дека сите што живеат северно од Вади Газа треба да се преселат во јужниот дел на Газа во следните 24 часа, изјави портпарол на ОН.

Како што пренесе Би-Би-Си, според ОН, тоа се приближно 1,1 милион луѓе – околу половина од населението на целиот Појас Газа. Погодената област го опфаќа и густо населениот град Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Потресни снимки од убиените во Газа, меѓу кои над 447 се деца, а 248 жени

Предупредувањето било упатено непосредно пред полноќ, по локално време во Газа и Ерусалим.

– Обединетите нации сметаат дека е невозможно такво движење да се случи без катастрофални хуманитарни последици, се вели во соопштението на ОН.

Израел се подготвува за копнена офанзива, распоредувајќи војници, тешка артилерија и тенкови на границата со Газа. Од саботата почна воздушни контра-напади врз Газа по ненадејниот напад на милитантите на Хамас врз Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Израел: Изјавата на ОН за евакуацијата е срамна, се обидуваме да ја минимизираме штетата во Газа

Израел објави одговор до ОН, бранејќи ја својата наредба за евакуација и велејќи дека изјавата на меѓународната организација е „срамна“.

Гилад Ердан, амбасадорот на земјата во ОН, рече дека Израел рано ги предупредува жителите на Газа и се обидува да ја „минимизира штетата на оние кои не се вклучени“ во неговата воена операција против Хамас.

– ОН со години ги затвораа очите пред вооружувањето на Хамас и неговата употреба на цивилното население и цивилната инфраструктура во Појасот Газа како засолниште за неговото оружје и убиства, рече тој.

– Сега, наместо да застане со Израел, чии граѓани беа убиени од терористите на Хамас … тој му проповеда на Израел, додаде Ердан.

– Подобро е ОН сега да се фокусираат на враќање на заложниците, осуда на Хамас и поддршка на правото на Израел да се брани, заклучи израелскиот амбасадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Денеска милиони Муслимани за подршка на Газа ќе ги преплават улиците на Блискиот исток, но и ширум светот

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Редакција

Убава вест: Оздравени 621 лице кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Видео) Во напад со нож во Париз повредени седум лица

Редакција