еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца

Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца, по повод Меѓународниот ден на лицата со попречености.

Пет од овие колички ќе бидат распределени на Универзитетската клиника за детски болести, дел ќе одат на Детска хирургија, во Клиничките болници Битола, Прилеп и Штип, во Завод за рехабилитација-Скопје, но и во други здравствени установи низ земјава.

„На мое големо задоволство денес една од овие колички ќе биде донирана на едно детенце со dg.Paralysis cerebralis, Epilepsija. Детето е дел од едно големо семејство од 12 членови, од селото Брест-скопско“, изјави министерот Венко Филипче и додаде дека оваа донација оди на вистинското место и во вистинско време.

„Задоволство ми е што дониравме специјални колички за децата. Веруваме дека ќе им го олесниме секојдневнието“, рече амбасадорот на Израел, Дан Ориан.

Оваа донација е многу важна, бидејќи количките ја олеснуваат мобилноста и движењето на децата пациенти во болнички услови.

„Благодарна сум на оваа донација, навистина многу ни значи, поради тоа што ќе помогнеме на дечиња кои не се во можност да одат сами. Но, ќе биде олеснување и за нивните родители. Кочичките се лесни, што го олеснува управувањето со нив. Искрено се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Израелската амбасада е наш пријател и пријател на дечињата во болницата“, потенцираше директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Катерина Ставриќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина братот на претседателот Пендаровски, Војче

Редакција

До петок променливо, врнежливо и постудено време

Редакција

Зимското сметање на времето започнува викендов: Часовникот се враќа еден час наназад

Редакција