еМагазин
Image default
Бизнис

Изречени повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

-Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми.

Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број на акции и на контроли, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод „Две години МојДДВ со граѓаните”.

Во периодот кога беше најголемиот бран на ковид кризата, додаде, одевме само превентивно кај сите даночни обврзници.

-По завршувањето на бранот имаме направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, прецизира Лукаревска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данела Арсовска со плата од 2.036 евра меѓу најплатените градоначалници во регионов

Редакција

Вложувањата во неживотно осигурување лани надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Редакција

Алкалоид го објави бизнис планот за 2023: Кои се очекувањата на компанијата?

Редакција