Во анализа на српската телевизија Н1, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска се најде меѓу најплатените градоначалници во регионов.
Највисоката плата од градоначалниците кои раководат со главните градови, според телевизијата има градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, несметајќи го додатокот за стаж, која изнесува 2.696 евра, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ заработува 2.318 евра месечно.
Арсовска, според телевизијата моментално зема плата од 2.036 евра, а истата се утврдува со множење на висината на просечната плата на ниво на република со коефициент 3,70.
Месечната плата на градоначалничката на Подгорица, Оливера Ињац е 1.562 евра, а на градочалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ 1.510 евра месечно, без надоместоци, додека најниска плата во споредба со другите градоначалници на главните градови во регионот има првиот човек на Белград, Александар Шапиќ – 1.399 евра.
Апсолутен рекордер по заработка во земјите од поранешна СФРЈ е градоначалникот на Бјелина, Љубиша Петровиќ, чија месечна плата е 3.305 евра. По него е најплатениот градоначалник во Хрватска – првиот човек на Задар, Бранко Дукиќ, кој заработува 3.026 евра месечно, додека примањата на другите градоначалници на најголемите градови во регионот се под 3.000 евра.
Кога ќе се споредат платите на челниците на најголемите градови, по десет од наведените земји, најниска плата има градоначалникот на Панчево, Александар Стевановиќ, кој заработува 910 евра месечно, објави телевизијата.
Фото: Арсовска/Фејсбук