еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Извештај на Европската комисија за Македонија: Издржан реформски напредок, потребни се дополнителни напори во областа на администрацијата

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ги презентира попладнево извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент.

За Македонија Оливер Вархеји изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.

-С Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата, С Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.

Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенција за забрзување на реформите.

Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација.

Извештајот го поздравува целосното усогласување на Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.

-Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат, изјави Вархеји.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странските инвеститори „бегаат“ од компаниите на Македонската берза

Редакција

(Фото-вест) Настан каде можете да купите вистински мед: “Пролетни медени денови“ во Скопје

Редакција

Матичните лекари протестираат, примаат само итни случаи

Редакција