еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Изворите на загадување на воздухот ќе се откриваат со високософистицирана опрема

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска беше промовирана софистицирана лабораториска опрема која прецизно ги анализира и утврдува поединечните извори на загадувањето на воздухот.

Станува збор за еден од најсовремените уреди од оваа област во светот за анализа на аеросоли (честичките од воздухот), набавен во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Загадувањето на воздухот е најголемиот поединечен ризик по здравјето во Европа и некои од највисоките концентрации на загадувањето на воздухот се регистрирани овде во Северна Македонија, во Скопје, Битола, Тетово.

Со овој проект Шведска придонесува подобро да се анализираат и окријат изворите на загадување со што ќе се развијат и подобри стратегии за спречување на загадувањето базирани врз овие податоци.

Како дел од поддршката во пристапниот процес кон ЕУ и усвојување и имплементација на Поглавјето 27 од Европското законодавство за животна средина, Шведска останува посветена во поддршката на напорите за справување со предизвиците поврзани со животната средина и помага во активностите за подобрување на квалитетот на воздухот“, изјави амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини изјави дека загадувањето на воздухот може да се превенира доколку ги знаеме и работиме на соодветно решавање на изворите на загадување.

„Непосредната акција на сите нивоа на општеството е најдобрата стратегија. Во тој правец ја подобруваме соработката со граѓаните, деловните субјекти, локалните самоуправи, но и со академијата.

Ова подразбира правилно следење на клучните загадувачи, преку детекција на изворите на загадување, разбирање на причините и проектирање на конкретни акции за нивно надминување засновани на напредни и софостицирани научни методи,“ изјави Нуредини.

Постојаната претставничка на УНДП во земјата, Нарине Сахакјан истакна дека со оваа опрема заокружуваме една целосно функционална платформа која ги обединува сите потребни активности во справување со загадувањето на воздухот.

„Собраните податоци од статичните и мобилните станици поставени во рамки на проектот на повеќе локации во Скопје, ќе бидат анализирани со голема брзина и висока прецизност со што ќе се откријат изворите на загадувањето. Науката ги диктира потребите за поголеми вложувања за справување со овој проблем,“ изјави Сахакјан.

Новата опрема е набавена во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, вреден над два милиони американски долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бротче потона во Студенчишкиот Канал, дел од горивото се излеа во Охридското Езеро

Редакција

Националниот парк „Шар Планина“ до Владата испрати барање за раскинување на договорите за изградбата на две мали хидроелектрани во прекрасната Лешничка долина

Редакција

За седум месеци Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси од реномираниот производител МАН

Редакција