еМагазин
Image default
Uncategorized

Извозот во август со раст од 2%, увозот помал за 7.6%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2023 година, изнесува 5.502.897 илјади евра и бележи пораст од 2 отсто во однос на истиот период лани.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.299.621 илјада евра, што е за 7.6% помалку во споредба со претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2023, е 75.4 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 1.796.725 илјади евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба, соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани, амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – август 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И судиите најавуваат протест

Редакција

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10%

Редакција

Двајца починати и 75 нови случаи на Ковид-19

Редакција