еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот во компаниите во ТИРЗ зголемен за 140% во однос на лани

Во технолошко индустриските развојни зони, по првиот, и во вториот квартал од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните четири години, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ, информираат од таму.

„Така во вториот квартал од 2021 извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра што е за 140% повеќе од истиот период во 2020г, додека во однос на 2018 година порастот е околу 27%.

Извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите 4 години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе од истиот месец во 2020,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека и во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво во однос на истиот квартал во секоја од изминатите четири години.

„Така увозот во вториот квартал од годинава достигна 799 милиони евра и е дури за 200% повисок од истиот квартал лани, односно за 62% повисок споредено со вториот квартал во 2018.

Исто така, месечниот увоз во ТИРЗ во јуни 2021 година го надминува месечниот увоз за истиот месец во изминатите четири години и е на ниво од 225 милиони евра. Споредено со јуни 2020 година, увозот е поголем за 37 милиони евра,“ се додава во соопштението.

Поради ваквите активности како и интензивирање на инвестициите на компаниите во нови технологии, покриеноста на увозот со извозот во вториот квартал е 95.5%. Само во јуни, извозот во ТИРЗ е за 12 милиони евра повисок од увозот, односно стапката на покриеност достигнува 106.2%.

Продолжува и растот на новоотворени работни места во компаниите активни во ТИРЗ.

„Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7,12% во однос на истиот месец од 2020 година. Само во однос на минатиот месец мај има пораст од 1,36% односно отворени се речиси 200 нови работни места.

Се очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании.

Неодамна беше презентирана новата инвестиција на канадската компанија Магна која од првично најавените 15 милиони евра сега е зголемена на близу 40 милиони евра, со над 1.200 нови работни места,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски телеком: Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Редакција

Битолска „Македонија“ во загуба од 876.000 денари

Редакција

Реизбрани членовите на Одборот на директори на Македонската берза

Редакција