еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчев е со влошена здравствена состојба, а репресијата врз него и понатаму продолжува, реагираат неговите адвокати

Вишото јавно обвинителство пред два дена ја прифати гаранцијата која Јордан Камчев ја понуди како замена на затворскиот, со поблага мерка, домашен притвор оценувајќи дека понудените гаранции се доволна потврда и обезбедување за замена на мерката, се вели во денешната реакција на одбраната на Камчев.

„Покрај тоа, Вишото јавно обвинителство го зема предвид и фактот дека се работи за бизнисмен кој има повеќе од 2.500 вработени и кој пред издржување на мерката притвор секогаш уредно соработувал со сите органи на прогонот и судот.

Во предвид е земено и дека по четири месеци ефективен притвор, Јордан Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува, бидејќи во КПУ Затвор Скопје не постојат соодветни медицински и санитарни услови за третирање на конкретната здравствена состојба.

Пред само неколку денови, Камчев, пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Камчев има фамилијарен историјат на кардиоваскуларни заболувања, самиот тој за истата здравствена проблематика практикува терапија од својата 15 годишна возраст.

По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека Јавното обвинителство е овластен предлагач за определување на мерки за обезбедување и според досегашната судска пракса на кривични постапки судот секогаш ги засновал своите одлуки за определување на мерки за обезбедување на присуство во рамките на предлозите поднесени од јавното обвинителство.

„Во ситуација кога подносителот на обвинението, односно јавното обвинителство, кое ја отпочнало самата кривична постапка и истата ја довело до судска постапка, смета дека повеќе не постојат причини и потреба да му бидат строго ограничени слободите и правата на обвинетиот, судот не би смеел да ја оценува волјата и ставот на Јавното обвинителство и да одлучи единствено на штета на обвинетиот.

Оттука,  целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа, се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со Камчев.

Според сите овие факти и сето она кое ние како одбрана и јавноста го следиме и сведочиме повеќе од четири месеци за овој случај можеме јасно да заклучиме дека се работи за веќе видливо неоснована репресија врз Камчев, личен анимозитет кон Камчев како и класична тортура која веќе секако беше потврдена и од Народниот правобранител,“ се вели во реакцијата на одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради гушење и болки во градите, бизнисменот Камчев од Шутка префрлен на Кардиологија

Судењето на Камчев за „Плацевите на Водно” почнува на 16 јули

Продолжен притворот на Јордан Камчев

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет нови случаи со коронавирусот во Кавадарци, претежно млади лица

Редакција

Јани е во иста состојба како и Леонид, потребни се средства и за негово лекување кое се одвива во Лариса

Редакција

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на 13 возила „тежок“ 325.000 евра

Редакција